Hotel President

 

Сите соби се климатизирани и имаат балкон со поглед кон морето. Опремени се со сателитска ТВ, мал фрижидер и приватна бања опремена со туш кабина, фен и сите потребни елементи.

Ресторанот на хотелот служи Медитеранска храна и традиционални Албански специјалитети. Хотелот има и голем двор со многу зеленило. Локални маркети има на 300 м од хотелот.

Замокот Лежа е на 15 км, како и Гробот на Скендербег. Во Лежа се наоѓа и историски музеј.

Автобусите за Тирана, Лежа и Драч застануваат на 100 м од хотелот и поминуваат неколку пати во текот на денот. Пристаништето е на 500 м, додека Аеродромот на Тирана е на 28 км оддалеченост.

Побарај понуда: