Palace Hotel & Spa - Драч

 

Гостите можат да уживаат во Спа центарот кој располага со внатрешен базен, сауна, џакузи и фитнес центар.

Луксузно декорирани, сите соби и апартмани се климатизирани и опремени со сателитска ТВ, минибар и софа. Приватните бањи се опремени со туш кабина и сите потребни елементи. Неколку соби имаат и балкон со поглед кон морето.

Palace Hotel & SPA истотака располага и со маркет, менувачница и нуди Рент-а-кар услуги. Бизнис центарот на хотелот може да се изнајми со доплата. Во текот на летната сезона, секој викенд гостите можат да уживаат во жива музика во хотел.

Стариот град на Драч, Амфитеатарот, Венецијанската Кула се на 4 км од хотелот.

Автобуска станица има на 10 м од хотелот. Пристаништето на Драч од која има трагет линии до Анкона и Бари е на 4 км. Аеродромот на Тирана е на 30 км оддалеченост, на барање  на гостите од хотелот може да се организира трансфер од/до аеродром со доплата.