Хотелот нуди Спа центар, бар и ресторан со голема тераса, надворешен и внатрешен базен и разни спортски активности. Wi-Fi интернетот и паркингот се бесплатни.
Сите соби се климатизирани и се опремени со маса, ТВ, телефон и минибар. Сите бањи располагаат со када.
Ресторанот на хотелот служи традиционална Албанска и Италијанска храна. На 50 м од хотелот има маркет и автобуска станица за локален превоз.
Во Спа центарот на хотелот се нудат разни третмани за лице и тело.
Хотелот располага со приватна плажа со сопствени лежалки и чадори за сонце. Игротеката за деца и фитнес центарот се бесплатни, додека терените за тенис, спа центарот и сауната се со доплата.
Меѓународниот Аеродром на Тирана е оддалечен 30 км, додека пристаништето е на 4 км од Adriatik Hotel.
http://www.travelstory.mk/index.php/mk/leto-2020/albanija/drach/136-hotel-adriatik#sigProIdcee5a01190
