ПАНАМА

Најдобро време да се посети Панама е во “сувата“ сезона на земјата. Од Декември до Март, голем број на туристи од Европа и Северна Америка летуваат во Панама да уживаат во топлото време. За тие што сакаат да ја посетат Панама а да потрошат помалку, најдобро време е “влажната“ сезона која трае од Април до Ноември, за време на оваа сезона има повеќе врнежи кои ќе ве освежат во текот на денот и можете да најдете пониски цени на авио карти и хотелско сместување.