БАЛИ

Во овој рајски остров има толку многу што може да се види и искуси!

Патувањето во Бали ќе Ви се причини како авантура која никогаш не завршува – таму има различни активности кои одговараат на сечија желба.

Можете да одите на сурфање, јога, медитирање, трекинг, да пробате од превкусната храна и да уживате во богатиот ноќен живот. Разни делови на Бали се добро развиени од туризмот, со интересни кафулиња, барови и ресторани, додека други делови сеуште се недопрени и го задржиле уникатниот шарм и убавина на Бали.

Најдобро време за да се посети Бали е во “сувата“ сезона на островот. Од Мај до Октомври, не треба да се грижите за врнежи од дожд, ќе имате одлично време за сите разни активности.